Опис на работното место

TrySpicy е гастрономска плтаформа и има за цел пребарување и откривање на ресторани. TrySpicy се користи од страна на потрошувачите на глобално ниво за да ги откријат, оценуваат и прегледуваат рестораните, како и да создадат сопствена лична мрежа на храна од доверливи препораки.

Дали сакате храна? Дали сакате да бидете дел од гастрономски Start-Up? Бараме млади луѓе кои се бестрашни и желни да учат. Ако ви се допаѓа технологијата, имаме многу предизвици за вас.

Како менаџер за регионална продажба, ќе имате клучна улога во управување со објекти и/или тим од 3-7 луѓе за да им помогнете да управуваат со вистински/соодветни ресторани кои ќе го користат TrySpicy, со што им се дава можност на корисниците да извлечат максимална вредност од нив.

Бараме амбициозни луѓе за хонорарна работа од 4-8 часа дневно. Приоритет имаат кандидати со сопствено возило.

Која е вашата секојдневна обврска:

  • Посета на тековни и потенцијални клиенти.
  • Управување и менторирање на вашиот тим за справување со односите меѓу клиентот, вклучувајќи теренска работа, преговарање, склучување договори, наплата и справување со проблеми.
  • Укажување на целите, распределба на улогите и следење на работата на секој член од тимот, како и обезбедување на ефикасност и ефективност во нивното работење.
  • Изработка на дневни, неделни и месечни извештаи кои вклучуваат планови, приходи, инофрмации за наплата и оценка на перформансите.
  • Посета на тековни обуки и развој за вашиот тим.

Барања

Во продолжение,наведени се барањата:

  • Pазбирањето на продажниот систем.
  • Силно чувство за иницијатива и управување, работа со различни тимови и повеќе засегнати страни.
  • Флуентност, организираност, деталност во работењето, добро владеење со технологијата и поседување на способност за извршување на повеќе задачи.
  • Високи етички стандарди.
  • Ефикасност во работењето.